Македонија

Мијалков, Канческа-Милевска и Тачи денеска на суд

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“, „Титаник 2“ и  „Тарифа“.

Случајот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ се наоѓа во доказна постапка.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

На рочиштето за предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка Гугуческа и вештото лице Љубомир Атанасовски.

Пред судот, како што најавија, искази ќе дадат и обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.

На минатото рочиште беа изведувани материјалните докази на одбраната.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток