Македонија

„Не го игнорирајте извештајот од ЕП каде се бара отварање на архивите од комунистичкото минато“, порачува партијата на Љубе Бошкоски

„Пред неколку дена Европскиот парламент во извештајот за Западен Балкан побара отварање на архивите на безбедносните служби од комунистичкото минато. Обединети за Македонија е изненадена бидејќи скоро ниту еден медиум не го пренесе тоа, но и ниту еден политичар не се охрабри да го спомне тоа. . Сугериравме и во минатото дека тоа е еден од проблемите што мора да се решат, бидејќи вистината мора да се дознае не само во име на евроинтеграциите, но пред сѐ за нас како држава“, велат од Обединети за Македонија чиј лидер е Љубе Бошкоски.

„Политичката партија Обединети за Македонија по секоја цена е против тоталитарните режими (нацизмот и комунизмот) и затоа бараме во име на демократијата да се започне овој процес. Затоа, заради македонската иднина и вистина, бараме да се отпочне процесот на отварање на архивите најбрзо што може“, додаваат тие.

На почеток