Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.
Во Скопје е планирано Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.