Прво го запалија трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, а утрово излезе од погон и Блок 1 поради пукната цевка во котел. Со тоа РЕК Битола е комплетно надвор од погон, бидејќи Блок 2 е сẻ уште во ремонт. Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сẻ уште високи.
За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност“, се вели во соопштението.