Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за ТВ21 потврди дека пратеничка од Гевгелија е во изолација поради ковид.
Пратеничката се очекува в четврток да присуствува и да гласа во скафандер на седницата за доверба на владата.
– Секако дека ќе гласа, имајќи го предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање – вели Мицевски.