Македонија

Заев и Ахмети на разговор во Собрание

Во Собранието во моментов на разговори се лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, дознава МКД.мк од собраниски извори. Оваа средба доаѓа по денешното поднесување на барањето за гласање на доверба на Владата поднесено од 61 пратеник од новото собраниско мнозинство меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Талат Џафери за в четврток во 11 часот закажа седница, на која ќе се расправа за барањето за доверба на Владата кое беше потпишано од 61 пратеник.

На почеток