Македонија

И Мицевски е во изолација, но во четврток ќе дојде на гласање

Покрај пратеничката од Гевгелија, Ангелина Петкова, и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски е во изолација.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека секако ќе дојде на гласање недоверба на Владата во четврток.

„Дали ке дојдам на гласање, секако дека ДА. Во однос на неизвесноста, нема ништо неизвесно, имајќи го предвид протоколот кој што беше донесен од Комисијата за заразни болести, а применет во Собранието во едно претходно гласање, каде што се беше извесно. Ако се сеќавате имаше и кривични пријави кои беа отфрлени, и констатирано дека се било во ред, вели Мицевски за „Фокус“.

На почеток