Град Скопје го склучи договорот за новогодишно украсување на градот. Украсувањето ќе чини 243.000 евра, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.
„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.