Македонија

Финансова не знаела каде прави претрес, ова е оправдувањето за упадот кај Јаулески

Финансова полиција не знаела каде правела претрес утрово. Ова е единственото оправдување по упадот во семејниот дом на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, кажаа за „Фокус“.

Овој претрес доаѓа во ден кога се гласа недоверба на Влада. Токму сега се лиферуваат информации дека истрагата е за јавни набавки во ЕВН, сектор во кој работи и таткото на пратеникот. Ова никој го нема потврдено, а јавноста го смета за притисок на денот за гласање недоверба.

Упаднала полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески

На почеток