Македонија

Средба Димитров – Чиамба: Романското претседателство е гласен поддржувач на политиката на приближување на регионот кон ЕУ

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, оствари средба со романскиот министер-делегиран за европски прашања, Џорџе Чиамба.

„На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата од претстојното Романско претседавање со Советот на Европската Унија.

Димитров упати благодарност до министерот Чиамба за заложбата Романското претседателство да биде гласен поддржувач на политиката на приближување на Регионот кон ЕУ и изрази надеж дека во јуни 2019 година ќе споделиме заеднички успех – Романија како земја претседавач, а Македонија како земја преговарач со Унијата. Притоа, Министерот Димитров потенцираше дека Република Македонија посветено работи на постигнување конкретни и видливи резултати во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ и брифираше за текот на спроведување на дел од клучните реформски политики на Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението од МНР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток