Студенти од Тетово денеска излегоа на протест на градскиот плоштад со цел исполнување на нивните барања, кои ги изнесоа минатата недела. Десетици студенти во рацете носеа транспаренти на кои беа испишани нивните пораки до раководствата на универзитетите и до властите.
– Ние живееме во демократија, но не гледаме дека има демократија во оваа држава бидејќи студентите немаат право да кренат глас – истакна еден студент.
Тетовските студенти велат дека протестите ќе продолжат сѐ до исполнување на нивните барања.
Според одредени медиуми на албански јазик, се очекува протестите наскоро да се прошират и во Скопје. Дел од нив истакнаа дека се соочувале со притисоци. Неколку пати им беше хакирана и страницата на „Фејсбук“ .
Еве ги 14 те барања на студентите:
1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;
2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);
3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;
4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);
5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;
6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;
7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;
8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?
9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);
10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?
11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!
12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;