Македонија

Мицкоски: Имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде

Нема да има опструкции при носењето на Буџетот за 2021 година. Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека треба час поскоро да има предвремени парламентарни избори, а не може да каже дали Владата на СДСМ ќе замине сега, за месец, два месеци.

„Јас се срамам што такви луѓе опстојуваат на политичката сцена. Тоа не беше успех. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде“, рече Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство.

За лидерска средба, Христијан Мицкоски рече дека не гледа што би се разговарало, иако е секогаш добредојдена.

„Што не ги пуштеа нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници“, додаде Мицкоски коментирајќи ја празната сала во Собранието на денот на интерпелацијата на Владата.

Мицкоски упати порака веднаш да се почнат преговори со Македонија, бидејќи Европа тоа и го должи на Македонија и народот.

На почеток