Се поизвесно дека Лукаревска ќе ја добие најважната функција во СДСМ
Се повеќе во јавноста е актуелна темата за тоа кој ќе го наследи Зоран Заев на претседателската функција во СДСМ. Во јавноста се лицитира со имиња на актуелни функционери. Единствено што е сигурно засега, е дека премиерското столче и претседателската функција нема да ги има исто лице. Најсериозен кандидат за оваа функција е Сања Лукаревска, која во овој момент е заменик на Заев во партијата. Таа зад себе има успеси во изборните места каде работеше на изминатите избори, но и во работата со УЈП, каде е директорка. Дополнително, зад себе не влече никаков багаж, што е причина повеќе за токму таа да ја презеде функцијата во партијата.
Нема информации, дали Лукаревска размислува и сака да биде челник на владеачката гарнитура. Таа за ова прашање, до овој момент, се нема огласено во јавност. Инфорамциите дека ќе биде наследник на Заев во СДСМ доаѓаат од високи функционери во партијата.
Најсериозен кандидат за наследник на Заев на премиерската функција е Димитар Ковачевски, кој моментално е заменик-министер за финансии и воедно член на Извршниот одбор на СДСМ.
Во изминативе денови, во контекст за трката за нов лидер на социјалдемократите неофицијално се споменуваа многу имиња: Дане Талески, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Бојан Маричиќ, Јован Деспотовски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Венко Филипче.