На 27 април имаше обид за убиство, скоро ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по втор пат, изјави Зијадин Села на денешната прес-конференција.
Според него нема потреба од помирување, бидејќи оние кои го спасувале се во затвор, а оние кои ги отвориле вратите се на слобода.
„Ова е срамно, злосторниците се во сала и гласаа. Тие го изготвија законот.
Оние кои ги отворија вратите треба да одговараат а не да шетаат слободно. Ова ли е правна држава што градиме“, изјави Села.
Исто така тој додаде дека Алијанса на Албанците нема да биде дел од тој срам.