Џафероски: Не ја прифаќам оставката на Заев, членството да се изјасни преку референдум
Поранешниот пратеник во македонскиот парламент, Алил Џафероски преку социјалните мрежи повика Извршниот и Централниот одбор на СДСМ итно да распише референдумско изјаснување на членството, по повод оставката на претседателот Зоран Заев.
„Како еден од основачите на СДСМ од 1991 година и пратеник во првиот уставотворен парламент, барам од Извршниот и централниот одбор на СДСМ да распишат итно референдумско изјаснување на членството, во врска со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Лично не ја прифаќам оставката ниту од претседател на СДСМ, ниту од претседател на Владата на Република Северна Македонија.
Причините за двете оставки кои ги наведе Заев, не може и не упатуваат на негова оставка или било каква одговорност, со ова барам широка поддршка од страна на членовите на СДСМ“, вели Џафероски.