Коментари

Жителка на Крпош контра Стевчо: Функционалност, зеленило, хуман живот, не се приоритети во ниеден ДУП

Вчера се одржа работен состанок за презентација на дел од ДУПовите кои се работат на територија на општина Карпош. Татјана Стојановска на социјалните мрежи објави детали од истиот.

„Јас сакам детали и два ми останаа како слика од сѐ што се одвиваше на работниот состанок:
1. Коментар на еден од планерите: се водиме од начело да секоја парцела добие можност за градба. Некако , како лаик, многу повеќе ќе ми се допаднеше да се водеа од начело да секоја парцела добие намена која ќе овозможи подобар живот за граѓаните во општината.
2. Ни се преставува еден блок од ДУП на кој што повеќето се збунивме: звучеше одлично, со огромни зелени површини, мали парцели за домување, и секако, бидејќи како нарачател се јавуваат правни субјекти, неколку ниски згради, деловни , мислам П + 2 или 3 беа. Но сѐ умерено, добро осмислено и страшно функционално и пријатно како начин на развој на тој дел. Планерката се пофали дека добила и награда за тој план, во што не се сомневам, звучеше одлично.
И тогаш рипа општината, вели, знаете колку пари треба да вложи општината за инфраструктурата што таму се предвидува?!
Тоа е невозможно, нема општината пари за тоа.
И повторно, развојот на било кој дел зависи од парите што општината ги собира од комуналиите за градби.
Функционалност, зеленило, хуман живот, тоа не се приоритети во ниеден ДУП, и со овој начин на развој на општините, тешко дека било кога ќе бидат“, стои во објавата.

На почеток