Откако стана бегалец, Груби на пат да остане и без работа: неговото непојавување ќе му донесе отказ
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/08/234001336_371435821012609_5349251136558521544_n.jpg)
По 13 години работен ангажман на Тетовскиот универзитет, Артан Груби е на пат да добие отказ. Причината е неговото отсуство, откако замина од Македонија, па се распиша потерница по него бидејќи е осомничен за сторени злоупотреби, со што стана бегалец. Груби е доцент на Правниот факултет, на отсекот новинарство.
Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.
-Од минатата недела не е на факултетот што е непочитување на обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Почнавме постапка со соодветни мерки. Ќе ја објавиме конечната одлука како Универзитет наскоро, изјави Емрули за „Алсат“.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)