Македонија

„Не употребувам вето за да навредам некој јазик, Законот не е согласно Уставот“ – Сиљановска си го брани ветото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е децидна дека се водела од Уставот кога го вратила Законот за заштита на децата со кој се целеше да има двојазични лиценци. Според Сиљановска, тоа не е закон за јазични прашања, затоа треба да се доработи. За реакциите на дел од опозициските албански партии, посочи: „Нема да употребам вето за да навредам некој јазик. Членовите 9 и 10 од Законот за заштита на децата не се во согласност со уставот и законот за јазици, затоа не ги потпишав“.

Според нејзе, политиката не влијаела на нејзината одлука, туку се водела од законските норми.

„Никогаш не сум се водела од партиски насоки, туку од мојата обврска за почитување на Уставот и законите, која важи за сите нас“, изјави Сиљановска Давкова.

Додаде дека не е уставен судија да дава оценки, но дека одлуката членови од законот уште еднаш да се разгледаат надлежните институции и народните избраници.

Согласно процедурата, Собранието има можност да ги спроведе сугестиите и забелешките на претседателот, но тоа не е задолжително. Доколку Собранието по второто разгледување го изгласа со 61 глас, претседателот е должен да го потпише указот за негово прогласување.

На почеток