Коментари

Д-р Беќаровски: Вистински прележаните од Ковид-19 се обесправени со новите антиковид мерки

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, го сподели своето мислење за најновите предлог мерки за заштита од ковид-19.

„Голем дел од Вас драги пријатели и почитувани новинари, изминативе два дена ме замоливте за мое лично мислење по најновите предлог мерки за заштита од Ковид-19.
Ви благодарам за укажаната доверба и ќе се обидам во рамките на моето скромно знаење, најискрено и најодговорно да Ви го пренесам своето мислење:
■ Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет.(за жал некогаш цената е прескапа)
■ Вистински прележаните болни од Ковид-19 се #ДРАСТИЧНО обесправени со новите антиковид мерки.
■ Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано !!!!
■ Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.
■ Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).
■ Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.
■ Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.
■ Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.
■ Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.
Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100% во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар“, стои во објавата.

На почеток