МВР со детали за познатиот моторџија кој почина
Од
Објавено на
51-годишен мотоциклист од Скопје починал откога излетал од патот. Тој во незгодата најпрвин добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во болница, каде што и починал.
Како што соопшти полицијата, вчера, во 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон с. Пуста Брезница, Скопско, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г. С. (51) од Скопје, излетал надвор од патот.
Во несреќата мотоцикистот добил тешки телесени повреди по што бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал.
Извршен бил увид на местото на несреќата од екипа од СВР Скопје.