„Од ќутење и преќутување на целокупната нефукционалност ни е општава несреќа“, реакција за автобуската трагедија со 45 загинати


Новинарот Ивор Мицсковски, на социјалните мрежи реагираше во врска со денешната автобуска несреќа.
„Уште чекаме одговорност за трагедијата во Тетово, се случи трагедијата од Струма.
Автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт, вратите не се отварале, се превезувал бензин, дури и се шпекулира дека шоферот не бил ни вработен во фирмата.
Повторно значи се потфрлило, се потплатило, се преќутило, неодговорно и несовесно се работело, пак сега ќе ни даваат банални одговори што требало и дека ќе се утврдувала објективната одговорност.
Ги гледам цел ден бугарските вести и дебатни емисии, внимателни се дури и во тонот и во присебноста, но одговори одма се бараат од одговорните таму и во име на јавноста и на жртвите.
Овдека само смешни покани да не се зборело, да се ќутело сега.
Од ќутење и преќутување на целокупната нефукционалност ни е општава несреќа“, стои во објавата
