Скопје

(ВИДЕО) И Бугарите имаа што да видат: Известуваа за несреќа со снимка од шофер на ЈСП кој збори на телефон и вози

Бугарската национална телевизија BNT за време на посетата на Скопје сними автобус на ЈСП, а видео снимката ја прикажуваше за време на вестите додека известуваше за трагичната несреќа.

На видеото може да се забележи возачот на ЈСП кој не ги почитува ковид-протоколите. На возачот маската му е под брада, а исто така за време на возењето зборува на телефон.

„Кога ќе почнете да ги казнувате овие што возат и зборат на телефон, твитаат, гледаат ФБ?“, „Точно лице на државава. Се дешава автобуска несреќа, око не им трепнува на нашиов народ!“, „Ова е секојдневие во сите автобуси. Не само на тие од ЈСП, туку на превозниците низ цела држава“, „Тунгузија не ни е рамна!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

На почеток