Македонија

За бугарските истражители познато е зошто се запалил автобусот, заштитната ограда навлегла во автобусот

Познати се причините за пожарот во автобусот со македонски туристи кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ. Тој додава дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен.

– Можете да замислите какво триење и искри имало, коментира Михаилов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новата опрема е „нефабричка“.

– Теориите на заговор кои кружат во јавноста се неточни, рече обвинителот Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисевите направени на остатоците од автобусот.

Гостувањето во емисијата „Лице в лице“ погледнете го тука.

На почеток