Актуелно

Според полицијата нападот на автобусот кај Дечани не е терористички акт

Заменик командантот на косовската полиција за регионот на Пеќ, Ветон Елшани изјави дека полицијата нема причина да верува дека синоќешниот напад на автобусот кај Глоѓан, во кој загинаа три лица, е терористички чин.

Според Елшани, полицијата има причина да верува дека нападот го извршило едно лице, пренесува порталот Репортерс.

Портпаролот на болницата во Пеќ, Наим Сахити, потврди дека повредениот кој е сместен во таа болница е во стабилна состојба. Приштинските медиуми јавија дека повредениот бил успешно опериран и дека е надвор од животна опасност.

Претставници на полицијата и обвинителството рекоа дека истрагата се одвива во повеќе правци, но дека се уште нема осомничени.

Во синоќешниот напад загинаа двајца студенти и возач на автобус. Во моментот на нападот автобусот сообраќал на релација Ѓаковица – Дечани.

На почеток