Актуелно

Заев прв излезе по средбата со Гаши, средбата била конструктивна

zaev kovacevski

Премиерот Зоран Заев не го искоментира исходот од средбата со Африм Гаши, по четиричасовната средба во Клубот на пратеници. Заев прв излезе по завршување на изборите, но не кажа дали постигнале договор.

„Имавме конструктивна средба. Прес-службата на Владата ќе ги сподели сите информации“, кажа кратко Заев по средбата.

„За нас е битно да се договориме кој е концептот а не да ги принудуваме политичките партии на решенија“, вели Африм Гаши, лидерот на Алтернатива за нивниот влез во Владата. Прашан дали ќе го бараат Министерството за здравство како ресор, тој кажа дека нема да се разговара за тоа на средбата со премиерот Зоран Заев туку само за концептот.

„Ние сме кажале дека тоа е интерес на сите граѓани, да нема брзи избори. Нормално за такво нешто нема гаранција, бидејќи секогаш можат да се соберат 61 пратеник и да одлучат да се распушти Собранието. Сакаме Влада која до 2024 година ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе направи напредок или да бидеме членка на ЕУ или да бидеме при крај“, кажа Гаши.

На почеток