Не е исклучено вакцината да биде задолжителна, вели Филипче
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени.
„Матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот на вакцинацијата. Тоа треба да го прават преку интензивна комуникација со пациентите, да ја пуштат важната порака за вакцинацијата.Од друга страна, некои земји сметаат дека вакцинацијата треба да биде задолжителна. Не е опција карантин, но не знаеме што може да се случи. Затоа мора да се спроведе опфатот со вакви апели. Не е исклучено вакцината да биде задолжителна, но затоа преку овој метод со матичните лекари, посакуваме да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани“, истакна министерот.