Фатена измамничка од Битола: Нудела работа, а за возврат барала пари
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Л (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од февруари до април 2021, пријавената во повеќе наврати измамила повеќе граѓани, претставувајќи им се лажно и нудејќи им услуги за кои оштетените и давале пари, по што заминувала и не ги извршувала услугите.
Во февруари, на жена од Прилеп ѝ понудила да ја вработи ќерка и во фабрика за што добила 65.000 денари. На крајот на aприл 2021 година на жена од прилепско село понудила да помогне при полагање на инсрукторски испит за што добила 240.000 денари. Исто така, на крајот на април на лице од прилепско село му понудила да ја забрза процедурата околу купување на стан за што добила 35.000 денари. Од истото лице добила и 25.000 денари за ангажирање на дизајнер за уредување на станот.