Македонија

Декември нема да го преживеете ако немате барем 500 евра

Тоа значи дека едно семејството со само еден вработен со просечна плата, која во Македонија е околу 25.000 денари, не можело да ја наполни потрошувачката кошничка што ја стокмил Синдикатот. Во иста ситуација биле и семејствата со двајца вработени кои примаат минимална плата од 12.000 денари, а такви во државата има многу.

Најмногу пари за полнење на кошничката одат за храна. Дури 42 проценти, во што синдикалците и статистичарите горе-долу се поклопуваат. Во кошничката на ССМ се ставаат храна и пијалаци вредни околу 13,5 илјади денари. Домувањето чини околу 10,5 илјади денари, што е 32 проценти од вкупниот трошок за егзистенција на просечното семејство.

Хигиената, како личната така и во домот се одржува со малку над 2.000 денари, или со седум проценти од вкупно потрошените средства со кои всушност се обезбедува егзистенцијалниот минимум, без никакво претерување, а уште помалку луксузирање.

Тука некаде е и трошокот за превоз, додека пак за купување облека и обувки се двојат само 6,7 проценти од парите или 2.179 денари. Тоа значи дека во еден месец гардеробата не можат да ја подноват сите членови на семејството кои имаат потреба од тоа, ниту ако ја купуваат по најниските цени на нашиот пазар.

Трошокот за култура е уште помал. Месечно изнесува помалку од 2.200 денари или само 3,29 проценти од вкупно потерошените пари за полнење на кошничката со неопходни производи и услуги за преживување во ноември годинава. Ако се суди според проценуалниот трошок во рамките на вкупните давачки во месецот, излегува дека македонските граѓани се многу здрави, или дека не се грижат многу за своето здравје. За него месечно издвојуваат минорни околу 700 денари или 2,14 проценти од вкупно потрошената сума.

Ако се сумираат елементите од кои се состои синдикалната потрошувачка кошничка излегува дека македонските граѓани работат само за да си обезбедат храна за која трошат 10,5 илјади денари и да ги намират потребите за домување во кои влегуваат трошоците за комуналии од над 8.000 денари и уште за одржување на домот, набавка на покуќнина и опрема, трошок кој во минималната варијанта надминува 2.000 денари. Останатите околу 10.000 денари просечното четиричлено семејство треба да ги распореди многу умешно за да може со нив да се облече, да се обуе, да ја одржува хигиената и плус културно да се издигнува. Во синдикалната потрошувачка кошничка не се пресметани ратите за кредит кој го имаат поголемиот дел од домаќинствата, ниту пак за враќање на позајмените пари од роднини и пријатели за да се преживее претходниот месец.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток