Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против У.М.(54) од село Франгово, струшко и И.Н.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “измама при добивање кредит или друга погодност“.
На 08.01.2015 година првопријавениот склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило, помеѓу него како купувач и второпријавениот, како продавач.
По ова, на 15.01.2015 година второпријавениот поднесол барање идентификација на наведеното патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила, а потоа на 29.01.2015 година во МВР – Отсек за управни работи Струга, првопријавениот поднесол барање за регистрација на наведеното возило.