Македонија

Кривична пријава за охриѓанец оти фалсификувал исправа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  Р.Џ.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување на исправа“, против Џ.Д.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  “соизвршителство“ во врска со “фалсификување на исправа“ и против М.П.(40) од село Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, набавил лажна сообраќајна дозвола и увозна царинска декларација за патничко моторно возило „Фолксваген Јета“ на која како сопственик го прикажал второпријавениот, по што истите ги употребил во постапка идентификација на патничко моторно возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од  Законот за возила.

Потоа, третопријавениот,  во МВР – Отсек за управни работи Струга, наведената документација ја поднел во прилог на барањето за регистрација на наведеното возило.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток