(ВИДЕО) Новинари и активисти избркани од настан на Медицинскиот факултет
Медиумите и граѓанскиот сектор беа оневозможени да следат настан кој на социјалните мрежи беше најавен како Јавна расправа за законот за легализација на канабис. Настанот беше најавен точно на пладне во амфитеатар на Медицинскиот факултет, но организаторките одбија да ја почнат расправата додека не излезат екипите на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.
„Несогласувањето прво почна со невладините организаци кои се уште одбиваат да ја напуштат салата, а потоа продолжи со медиумските претставници на кои им беше кажано дека ќе сносат последици доколку продолжат да снимаат. Откако бевме замолени од страна на производителите на канабис да го напуштиме амфитеатарот за да може да се одржи расправата, излеговме, а претставниците на невладините организации и понатаму одбиваат да ја напуштат салата“, објавија од медиумот.