Македонија

ВИДЕО: Хаос на границата со Албанија, возилата се излизгуваат поради неисчистениот снег

Патот од Струга до граничниот премин Ќафасан е целосно блокиран. Патот до таму е неисчистен од снегот. Десетици возила се заглавени.

Поради ниските температури, патот се лизга. Комбињата кои се движеле на патот до граничниот премин, се заглавени и се туркаат од патниците. Дел од возилата се и странски.

Поради обилни врнежи од снег, АМСМ издаде забрана за сообраќај на тешки моторни возила има на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан.

Исто така забрана за тешки товарни возила има и на Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Кичево (преку планинскиот премин Стража), крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид (преку планинскиот премин Пресека), Битола – Ресен (преку планинскиот премин Ѓавато). За останатите типови на возила, на овие патни правци задолжителна е употреба на зимска опрема.

На почеток