Францускиот парламент против наметнување хетеросексуалност на хомосексуалците
Француските пратеници и сенаторите се согласија заеднички да подготват нацрт-закон со кој се забрануваат т.н. терапии за преобраќање, чија цел е да им се наметне хетеросексуалноста на ЛГБТ-луѓето, според парламентарни извори.
За ова дело ќе биде предвидена казна затвор од две години и глоба од 30.000 евра. Казните може да изнесуваат три години затвор и 45.000 евра во отежнувачки околности.
Некои други земји исто така ги забранија овие практики. Во Европа тоа го направија Малта, Германија и неколку шпански провинции. Во Канада на 1 декември во долниот дом на парламентот беше усвоен предлог-закон за нивна забрана.
Во Британија предлог-законот со кој се забрануваат терапии за конверзија на малолетни и возрасни без нивна согласност е под јавна расправа.