Актуелно

„ЈуГов“: Путин меѓу 10-те најпочитувани луѓе во светот

Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа меѓу првите 10 најпочитувани луѓе во светот во 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија за истражување на јавното мислење „ЈуГов“.

Анкетата покажува дека лидерот на Русија годинава се искачи за три позиции и го зазеде деветтото место.

На листата на 20 најпочитувани луѓе во светот се наоѓаат политичари, бизнисмени, спортисти и актери.

Како и минатата година, поранешниот американски претседател Барак Обама остана на првата позиција како најпочитуван човек од народот. Меѓу 10-те најпочитувани луѓе меѓу мажите се ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кинескиот претседател Си Џинпинг, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, актерот Џеки Чен, милијардерот и основач на Спејс, Илон Маск, индискиот премиер Нарендра Моди и основачот на кинеската компанија за е-трговија Алибаба, Џек Ма. Поранешниот и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џозеф Бајден го зазедоа 13-то и 20-то место.

Мишел Обама ја задржа својата позиција на најпочитувана жена во светот.

Истражувањето се спроведува од пролетта оваа година, а во него учествувале повеќе од 42.000 луѓе од 38 земји во светот.

На почеток