Експлозија на цистерна со гориво на Хаити
Од
Објавено на
Повеќе од 75 лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво на Хаити. Прогласена е тридневна жалост во спомен на жртвите од трагедијата што ја потресе целата нација.
Според првичните информации, цистерната се обидувала да избегне мотоцикл што доаѓал од спротивната страна, по што се превртела.
Хаити страда од голем недостиг на гориво, бидејќи синџирот на снабдување е делумно во рацете на банди. Хаити е во тешка криза по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз, извршен на 7 јули годинава, и по земјотресот со интензитет од 7,2 степена по Рихтер неколку недели подоцна, во кој загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а беа уништени десетици илјади домови.