Македонија

Спасовски на средба со новоназначениот амбасадор на Кралството Шпанија

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со новоназначениот ополномоштен  амбасадор  на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е Хосе Луис Лосано Гарсија.

Во текот на средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка. Можностите за унапредување на меѓусебната соработка во областите од взаемен интерес на двете земји беа во фокусот на разговорите помеѓу министерот Спасовски и амбасадорот Гарсија.

Притоа, обострано беше констатирано дека од взаемен интерес е и во иднина билатералната соработката меѓу двете земји интензивно да се развива и преку размена на искуства, во форма на студиски посети и сл.. Амбасадорот Гарсија ја пренесе и подготвеноста на Кралството Шпанија да даде поддршка и во делот на справувањето со илегалната миграција и криумчарењето на мигранти.

На почеток