Апсењето на Командант Стојков асоцира на селективност, велат од Обединети за Македонија

Од
Објавено на

Обединети за Македонија е крајно изненадена од двојните аршини на кои вчера сите бевме сведоци. Апсењето на Командант Горан Стојков, бранител и македонски патриот, асоцира на селективност.
„Апелираме до правните лица кои го водат случајот, истиот да биде отворен повторно, бидеќи процесот е започнат во 2013 година за време на режимското владеење на бегалцот Груевски. Не смееме да дозволиме
ниту еден бранител и патриот да ги трпи последиците од едно режимско владеење“, се вели во соопштението.
