Спикерот Гаши со народни пари на Ифтар угости премиер, пратеници, политичари


Во Клубот на пратеници, спикерот угости пратеници, премиерот, функционери, припадници на верските заедници. Некои пратеници објавија фотографии и се пофалија дека биле на Ифтарска вечера кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Ова ги изреволтира граѓаните и следуваа коментари, критики но и бришења и менување постови.
Граѓаните рекоа, ова е во Клуб на пратеници, значи сте биле кај нас дома, ние го плаќаме. Ако сакал Гаши да ве угости можел дома кај него да ве викне или да плати вечера во некој ресторан. И бидејќи празникот трае еден месец, ифтарски вечери од народни пари сега, по стариот обичај ќе организираат министри, директори и додиректори.
А нели ние сме секуларна држава, религијата е одвоена од државата. Дали да очекуваме на кршење јајца, јагнешко и што ли уште не, да поканат претседателката, премиеротот, министрите. И повторно народот да плати.Не чувме дека некој изреагира бидејќи народот вели сложни попови и во петок мрсат.
Претходно ова го правеше Талат Џафери. И не држи реченицата, „И вие така правевте“, бидејќи за такво правење и ги сменивме.
