🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бејџан Иљаз не го послуша спикерот Гаши да претседава со матичната комисија, Законот за бранители заглавен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Пропадна обидот на спикерот Африм Гаши да ја деблокира работата на Комисијата за социјална политика.

— реклама —

Работата заглави на предлогот на СДСМ за Закон за бранители.

Илире Даути, која предлогот не го стави на дневен ред беше сменета со изгласување на интерпелација, спикерот Африм Гаши одлучи со комисијата да претседава друг пратеник од Европски фронт и го повика Бејџан Иљас.

— реклама —

„Денеска во Кабинетот на претседателот пристигна писмо од координаторот на Европски фронт дека пратеникот Бејџан Иљас ќе биде отсутен од сите активности во Собранието. Комисијата за социјална политика, демографија и млади што требаше да се одржи денеска, се одложува”, велат од кабинетот на Гаши.

Пратеникот од Европскиот фронт, Елми Азири го повика Гаши да ја укине интерпелацијата на Илире Даути и да ја врати на позицијата претседател на Комисија, бидејќи тие нема да прифатат друг предлог.

„Денешниот обид да се свика седница на Комисијата за социјална политика го потврдува токму она што уште од почетокот го предупредувавме, дека разрешувањето на Илире Даути од страна на парламентарното мнозинство, со предлог ставен на дневен ред од Африм Гаши, има за цел да го отвори патот за деблокирање на Законот за бранители, затоа денеска го повикуваме да се вразуми и да се повлече од овие сценарија“, рече Азири.

Од ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали кога Комисијата би профункционирала, тие ќе поддржат на дневен ред да се стави предлогот за Законот за бранители. Од коалицијата „Вреди“ пак, истакнаа дека нема да поддржат решение кое може да предизвика тензии.

„Собранието работи по Деловник и сѐ што е во рамките на Деловникот треба да биде спроведено. Сѐ што е надвор од рамките на Деловникот не очекуваме да биде спроведено.“, изјави Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Македонија | пред 2 дена

kocevski-1

Државниот обвинител Коцевски се повлече од функцијата непосредно пред седницата за негово разрешување

Македонија | пред 2 дена

Sobranie-zgrada

Денеска пред пратениците разрешувањето на Коцевски и резолуцијата за миграциите

Македонија | пред 2 дена

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања