Промени тема
Контакт

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

Анастасија Павловска од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ остро реагираше на однесувањето на дел од пратениците за време на седницата на Анкетната комисија, опишувајќи го како понижувачко и целосно непочитувачко кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани.

„Оваа страна покажа нула заинтересираност за целата дискусија која се одвиваше. Ве гледам, си седите на вашите мобилни телефони, си шушкате меѓусебно. Кога се прибраа членовите на медиумите, а голем дел си заминаа – како мислите дека мене, како млад човек во државава, каква слика ми создава? Дека вие ќе можете да соработувате и вистински да се изборите за правда за овие луѓе што собрале храброст да дојдат да се обратат?“, рече Павловска.

Таа праша дали навистина некој очекува по вакво однесување младите да стекнат доверба во институциите:

— реклама —

„Дали сметате дека јас по денеска ќе излезам од тука и ќе речам: ‘Да, соработуваат пратеничките групи, гледаме дека покажаа емпатија и дека им е важно што имаат да кажат овие родители’? Не. Мене ова ми личи дека е само некоја процедура, само да се замачкаат очите дека ‘еве, конечно ви дадовме Анкетна комисија’. Навистина е многу разочарувачки.“

Павловска истакна дека внимателно ги следела емоциите на пратениците, особено во моментите кога зборуваа двете мајки од Кочани, и додаде дека однесувањето е „засрамувачко“.

— реклама —

На крајот, упати директен повик:

— реклама —

„Ве молам, пишете им на сите ваши колеги да се вратат назад во оваа сала!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 6 дена

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања