Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Денеска пред пратениците разрешувањето на Коцевски и резолуцијата за миграциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Sobranie-zgrada

Денеска во Собранието се отвора една од поконфликтните точки на актуелната политичка агенда – на 76. седница пратениците ќе расправаат за предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, како и за резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со која се осудуваат, како што се наведува, манипулациите на опозицијата и се потврдуваат политиките против нелегалната миграција.

Иницијативата за разрешување доаѓа од Владата, која во образложението наведува низа сериозни забелешки за работата на Коцевски. Според извршната власт, тој направил тешки професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, постапувал спротивно на законските обврски и со своите дејствија го нарушил угледот на институцијата.

— реклама —

Во предлогот се посочува и дека Коцевски неовластено изнесувал информации и податоци поврзани со судски предмети, со што, според Владата, ја прекршил законската обврска за заштита на тајноста на постапките. Дополнително, му се става на товар дека не постапувал во согласност со уставните и законските надлежности, како и со меѓународните договори што државата ги има ратификувано.

— реклама —

Покрај разрешувањето на Јавниот обвинител, пратениците ќе се изјаснуваат и за резолуцијата за миграциските политики, со која владејачките партии бараат јасна политичка осуда на, како што наведуваат, обидите на опозицијата за манипулирање со прашањето за мигрантите.

— реклама —

Седницата се очекува да отвори жестока расправа, со оглед на чувствителноста на темите и нивната директна поврзаност со правосудството и безбедносните политики на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Македонија | пред 1 ден

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Македонија | пред 5 дена

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Без опозиција избрани новите министри, Мицкоски се извини за инцидентите

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

Парламентарното мнозинство на Мицкоски се зголеми на 59 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања