Откриени сомнителни донатори на изборите


Локалните избори завршија пред речиси два месеци, победниците се сместија во фотелјите, а Антикорупциска веќе подолго време ги чешла финансиските извештаи на политичките партии, пишува Фокус
Оттаму додаваат дека првите проверки укажале на сомнителни донации, поради што побарале да се вклучат и од Управата за финансиско разузнавање.
-Во однос на дел од примените донации, ДКСК има сомневања дека истите не се законски, поради што до Управата за финансиско разузнавање (УФР) достави барање за нивно надлежно постапување.
Имајќи предвид дека овие постапки се доверливи, ДКСК има целосна доверба дека УФР професионално ќе ја изврши својата задача, а за утврдените наоди ќе достави повратни информации до ДКСК но и до надлежното јавно обвинителство.
Целиот текст можете да го прочитате тука
