Македонија

„Од татко не барај, од мама барај, сѐ ќе даде, душата ќе ја даде“, Манев сведочеше како Вања мислела дека ќе биде пуштена

Вознемиреност и гнев донесе сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, за тоа како било убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Пред да биде убиена, планерот и реализаторот на убиството, Љупчо Палевски-Палчо ја распрашувал. Според записникот од 6 декември, Манев кажал што рекла Вања во моментите пред да биде убиена. Истото не го кажа на денешното судење, ниту пак го кажал на 3 декември кога исто бил сослушуван од обвинителите.

„Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селотејпот, почна да ја прашува како се вика, кој и се татко, мајка. Праша каде работат, рече дека татко и напуштил (не работи), а дека мајка ѝ во А1. Ја праша и за дедо ѝ. Праша од кога живеат во станот. Ѝ бараше телефон од родителите. Ја прашуваше колку станови имаат“, рекол Манев на 6 декември.

Потоа, според сведочењето, Вања му рекла да не бара пари од татко ѝ туку од мајка ѝ.

„Таа рече: ‘од тато не барај, тој не нѐ сака, од мама барај, сѐ ќе даде за мене, душата ќе ја даде за нас’. Го извадивме девојчето. Таа беше мирна, мислеше дека ќе буде пуштена. Боре рече, влеговме во гомната, ќе тераме. Палевски зеде перниче, ѝ пријде со перницата и испука“, додал Манев на 6 декември.

Иако обвинителите на неколкупати се обидоа да добијат одговори за тоа што разговарале Вања и Палчо при денешниот исказ и распит на Манев во судница – тој не го повтори ова.

За тоа како ја киднапирале, но и монструозниот план откако девојчето било заробено:

Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат

Претходно зборуваше за убиството на Панче Жежовски:

Манев го раскажа цел монструозен план за убиството на Панче: Палчо му пукаше во слепоочницата, по четири дена нѐ прати да ја затвориме дупката за да не мириса

На почеток