Манев го раскажа цел монструозен план за убиството на Панче: Палчо му пукаше во слепоочницата, по четири дена нѐ прати да ја затвориме дупката за да не мириса


Обвинетиот Велибор Манев дава свој исказ пред судот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежововски. Монструозни детали откри за планот, но и за изведувањето на двете убиства. Прво зборуваше за убиството на Жежовски, со кого се знаеле од порано. Раскажа дека неговото возило „цитроен“ требало да се искористи за грабнување на жена на возраст од 38-40 години.
Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:
Адвокатот Горан Бошевски: Кого познавате од другите обвинети?
Обвинетиот Манев: Сите.
Адвокатот Горан Бошевски: За секој одделено од кога се познавате каков е карактерот на вашата комуникација?
Обвинетиот Манев: Со Боре Видевски од основно, од дете. Цел живот се знаеме , Живееме, не сме имале никакви проблеми со неговите, живееме и едноставно сме се поштувале. Со Љупчо Палевски од 2018 година тогаш стапивме во ФБ пријателство, после потребата од неговата потреба за изборни набљудувачи, му пристапив во канцеларија така се запознавме и лично. И потоа одлучив да му пристапам како член на тогашна Движење ‘Трета’, и од тогаш до денеска сум овдека со неговото познавање и знаење. Со Влатко Кешишев се понавам 2,5 години, ако не ги сметам овие година ипол во затвор. Човекот дојде во ’Опера хаус’, канцеларија на тогашна ‘Tрета’. Како готвач како домаќин, 24 часа да биде домаќин да ги оддржува канцелариите и му готвеше на Палевски. После тоа и он е тука поради тоа што му ја даде довербата на Љупчо Палевски. 2,5 години му готвеше, му служеше без никаква наднохнада, јас така знам.
Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познавате Александар Ѓорчевски?
Обвинетиот Манев: Не, ниту го знам ниту го познавам ниту претходно сум го видел.
Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познававте сега покојниот Панче Жежовски?
Обвинетиот Манев: Да го познавав, работев на неговата куќа пред 15-16 години тогаш, ме измами, не ме измами едноставно не ми ги плати средствата што требаше да бидат исплата за завршена работа. Бараше коцки и камен да му се реди на влезот од куќата, одно од најскапите варијанти на изведба во градежништво.Ми остана должен 1500 евра, он кажал на неговите дека должел 500 евра, а уствари беа 1500 евра. Се спречкавме, се скаравме, му извадив 12-13 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, он повика полиција дома, полицијата направи записник и ме опеменаа дека не смеам така да постапувам и понашам, дигнав раце од сето тоа и толку. Уште еднаш отидов кај него во фризерницата му ги побарав парите што ми ги должи, ме избрка дојдов до степен до физички контакт да го тепам не но го сторив тоа дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше со контактот и познавањето на Панче.
Адвокатот Горан Бошевски: Кој ги донесе овластените службени лица, од СВР Велес и Скопје, до месноста Рудник во Велес? (местото каде е закопан убиениот Панче Жежовски)
Обвинетиот Манев: Јас.
Адвокатот Горан Бошевски: Кој ја ископал таа скривница/дупка?
Обвинетиот Манев: Јас ја копав заедно со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и откако ќе се изврши наплата да се пуштат.
Адвокатот Горан Бошевски: За кои лица се работи?
Обвинетиот Манев: Првично требаше Панче Жежовски, требаше да биде врзен за бетонски тег за ногата со за ланец за да се искористи неговото возило за грабнување на жена од 38-40 годишна возраст и откако ќе се грабне таа Панче да се извади, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти да си замине со колата, а жената да биде лувана додека не се изврши наплата.
Адвокатот Горан Бошевски: Кога е копана дупката?
Обвинетиот Манев: Дупката е копана 2022 година една година и повеќе пред ова. Со ког одоговаравте киднапирање на Панче? Прво баравме некој објект каде што ќе бидат чувани грабнатите лица, но поради тоа што не најдовме, едно попладне бев во канцеларијата на трета кај ‘Шампионче’, Љупчо Палевски ми предложи да го оставам телефонот и наводно ќе сме се прошетале некаде, па кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме некое место локација за размена и каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откога го најдовме местото заедно, , се одлучи тука да се направи земуницата (дупка), и ја оставивме така да се замаскира од самата природа. За одлуката за грабнување на Панче Жежовски, некаде околу месец ипол, пред грабнувањето на лицата, бараше некоја не обележена кола, крадена или не знам што, за да може да го извршиме грабнувањето.
Адвокатот Горан Бошевски: Кој бараше кола?
Обвинетиот Манев: Љупчо Палевски за да може жената да е грабаната со необележена кола. Не можеше да се најде таква кола, и по негов предлог, предложи да бараме некој, пензионер сам, што ќе може да му ја искористиме колата и после кратко време ќе може да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум неплатениот борч на Панче Жежовски. Му кажав, дека има близок до мене, таков ме зафркнал ме измамил едноставно што ми го земал лебот и би можеле да го искористиме тој човек за целите на грабнување.
Адвокатот Горан Бошевски: Кои други лица се приклучија со вас за да се реализира грабнувањето на Панче?
Обвинетиот Манев: На почетокот бевме Палевски, јас и Влатко кои учеснуваа во копањето на дупките. Фалеше уште еден човек и размислив Боре беше со мене и му предложив да оди да разговара со Палчо за тоа. Евентуално приклучување ако сака да пристапи како 4 член на групата.
Адвокатот Горан Бошевски: Дали се приклучи во групата?
Обвинетиот Манев: Да.
Адвокатот Горан Бошевски: Кога и како го грабнавте Панче Жежовски?
Обвинетиот Манев: Панче го грабнавме на 23.11.2023 што го имаше на камерите кај мене. На 22 вечерта дојдоа Палчо со Влатко, наводно да го провери местото дали одговора за грабнување на Панче Жежовски. Отидовме до местото, го виде, и одлучи дека наредната вечер, да отидеме и да го грабнеме Панче.
Адвокатот Горан Бошевски: Што се сучуваше следната вечер?
Обвинетиот Манев: 23-ти утрото кога доаѓаат, во утринските часови, е вечер, кога дојдоа пиевме кафе, и утрото околу 5 ипол 6 часот, тргнавме накај куќата да го земеме Палчо. Да напоменам, дека снимките кои ги гледавме не се совпаѓа со ова што сега го кажувам, така да отидовме кај куќата на Панчета, јас Боре и Палчо, Влатко Кешишев го зема кангуто и се спушти доле кај пругата да не чека таму. Почекавме, мислевме дека сам ќе излезе, да му се нафрлиме и да го однесеме, некаде до 7:30, до 7:45, не излезе, на ладното што да излегува, па Палчо преку моторолата рече да му се тропне на врата и во самото предсобје да се врзе, да се земе. Јас не можев да се појавам, бидејќи ме знае и ми го познава гласот и одлучи Боре да му тропне на врата и да го бутне внатре,во претсобјето, ние да притрчаме и да може да го врземе. Направивме така како што кажа Палчо, тропна на врата, и слушнав дека го бутна во предсобјето, видов како Палчо влегува во претсобјето, и викаше Панче, јас пријдов пред и му ја ставив раката на устата да не може да вика, бев, бевме со маски, не не позна никој, поради тоа што пријдов јас, Палчо се исправи, јас почнав да му ги врзувам рацете, Палчо завлезе во куќата, го земал телефонот на Панче Жежовски, од влезната врата ги извади клучевите, на нив без и клучевите од колата на Панче, Љупчо Палевски отиде ја извади церадата од колата, ја бутна во претсобјето, отиде да ја пали колата а јас и Боре го изнесовме Панчета за да го ставиме во ѓепек. После тоа се симнавме доле, кај што беше паркирано ‘кангуто со кое дојдоа, Влатко Кешишев беше во него, тука ставивме гориво во колата на Панче, додека да го ставиме гориво, Палевски го фрлил телефонот на долот на Панче Жежовски. После тоа се упативме према земуницата (дупката), за да го спуштиме доле и ние отидовме за Скопје.
Адвокатот Горан Бошевски: Како наточивте гориво во цитроенот?
Обвинетиот Манев: Претходната вечер земавме две туби за вода, и јас и Кешишев отидовме до бензиска и наполнивме гориво, една дизел една бензин.
Адвокатот Горан Бошевски: Со какви средства комуницирате за време на грабнувањето?
Обвинетиот Манев: Со мотороли комунициравме, кога одлучивме за буткање во претсобјето, тоа го кажав веќе мислам, кога одлучи Палевски дека Панче нема да излезе преку моторолата ме извести дека Боре ќе го отбутне во претсобјето и ќе го направиме тоа што го направивме. Кажав и претходно дека ги користевме моторолите.
Адвокатот Горан Бошевски: Каде се упативте после грабнувањето на Панче?
Обвинетиот Манев: Откога го ставивме горивото на паркингот кај пругата тргнавме кон земуницата (дупката) преку езеро, покрај Романтик по стариот пат за Скопје и селото Рудник. Стасавме до земуницата (дупката) со колата на Панче, пред нас цело време возеше пикапот, Љупчо Палевски со Влатко Кешишев беа во пикапот, а јас и Боре во возилото на Панче Жежовски. И стасавме горе кај земуницата (дупката).
Адвокатот Горан Бошевски: Што направивте кога стасавте?
Обвинетиот Манев: Го изнесовме од колата, го донесовме до самиот отвор, имаше вратичка на земуницата (дупката), го спуштивме тука да му се одврзат рацете и да може да го спуштиме доле по скалите. Беше легнат на самиот отвор да можам да го одврзам, тука не напоменав само дека пикапот и Влатко Кешишев останаа подоле на самата база на ‘Македонија пат’ и остана таму да чека на 300-400 метри, а Палевски дојде со нас горе кај земуницата (дупката). Откако се наведнав да го одврзувам Љупчо Палевски така наеднаш му испука куршум во слепоочница на Панче Жежовски. Јас останав како да ви кажав, останав, (издишува) без зборови едноставно срипав и излегов од шумичката која што беше врз самата земуница (дупката) што беше обрасната. Застанав таму во некое ситуација пред колабирање, се соземав со дишење се тресев од тоа што го видов, и го видов како Боре излага молчешкум од местото, а со крај на окото видов како Палевски го превртува Панче со се церадата во дупката. Дојде до мене, јас го прашав: зошто ова, не требаше вака? Ми рече: ‘Вака е почисто, нема што да се секираш’. И тогаш прв пат ми рече ме потбутна со раката и ми рече „да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија“.
Адвокатот Горан Бошевски: Како планиравте да го обезбедите Панче да не избега?
Обвинетиот Манев: Претходно кажав, и пак ќе кажам, имаше бетонски тег во самата земуница (дупка), со алка на него, а јас носев синџир за да може да го врземе за ногата за да не може да се качува нагоре. Така беше планот за да го обезбеди Панче, а потоа и грабната жена што ќе дојде на негово место.
Адвокатот Горан Бошевски: После убиството што направивте со земуницата (дупката)?
Обвинетиот Манев: Три четири дена стоеше отворена и после тоа ни кажа Палевски, се јави, да отидеме да го стрпеме местото да не почне да мириса. Мислам дека беше недела, јас и Боре отидовме и го затрупивме.
Адвокатот Горан Бошевски: После убиството каде се упативме?
Обвинетиот Манев: После убиството, ме натера повторно да ја земам колата на Панче Жежоевски, и да ја возам до Скопје. Се симнавме до пикапот, Палевски седна во пикапот, и тргна пред мене, и продолживме за Скопје. Се спуштивме на автопат, на местото каде што чекаше Влатко со пикапот. Тоа беше над самата база на Македонија пат и има прклучок за да може да се излезе на автопат.
