Скопје

Сообраќајка во Аеродром пред семафор

Сообраќајна незгода помеѓу две возила, од кои едното е такси превозник се случи вечерва во Аеродром. Расфрлани делови од ударот, полиција и блокирана лента. Ваква беше сликата на раскрсницата помеѓу булевар „Србија“ и булевар „Јане Сандански“. Според информациите, во сообраќајката има само причинето поголема материјална штета и нема повредени.

На терен беше излезена и полицијата. Летнтата каде автомобилите удриле еден во друг, а пред семафори, беше обележана и се чекаше да започне увид. Детали од МВР се чекаат во текот на утрешниот ден.

На почеток