Свет

Трагедија во Мостар, две жени загинаа во пожар

Две жени загинаа во пожарот што синоќа зафати семејна куќа во Мостар.

Како што потврдија од противпожарната бригада на Мостар, случајот бил пријавен нешто по полноќ, пренесува Српскаинфо.

– Пожарот се случи во близина на катедралата каде што се одржуваше Божиќната. Пожарот бил изгаснат околу два часот по полноќ. Три противпожарни возила и две амбулантни возила веднаш излегоа на терен – велат од ПВЈ Мостар.

Во куќата имало две постари жени, од кои едната била неподвижна, а како што изјавиле пожарникарите на Аваз, најверојатно се задушиле од чадот. Во пожарот целосно изгорела внатрешноста на куќата.

Полицијата и брзата помош биле на лице место. Причината за пожарот не е позната.

На почеток