Скопје

Шесткатна зграда ќе никне на местото на изгорените бараки во Буњаковец

На местото каде пред неколку дена изгореа бараките на скопското јавно претпријатие Улици и Патишта, во непосредна близина на трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје, предвидена е изградба на станбена зграда.

Според податоците што ги обезбеди Фокус, на таа локација е вцртана маркица за изградба на шесткатна зграда со намена А2, со што, според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, се означува „домување во станбени згради.

Tоа е предвидено со Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, кој потоа беше замрзнат, односно ставен под мораториум од страна на Советот на Општина Центар, додека градоначалник беше Саша Богдановиќ.

Целиот текст можете да го прочитате на Фокус.мк

На почеток