Актуелно

Вонредна состојба во Косово, рестрикции на струја 60 дена

Косовската влада прогласи вонредна состојба во снабдувањето со струја и најави дека рестрикциите би можеле да траат во наредните два месеца.

Мерката предвидува ограничувања за снабдување на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за енергетските компании, објавија приштинските Репортери.

Предвидено е формирање Итна техничка комисија, која на Министерството за економија треба да му даде препораки за спроведување на мерките за решавање на негативните ефекти од рестрикциите врз економските текови.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска рече дека Косово не можело порано да купи струја и да ја избегне енергетската криза бидејќи струјата, како што кажа, не е роба која може да се чува во фрижидер.

На почеток