Полицијата прекина секс забава, гостите биле на возраст од 50 до 70 години
Шпанската полиција ги прекина сексуалните оргии откако двајца поканети гости ja открија тајната.
Полицијата откри дека повеќе од 50 луѓе ги прекршиле мерките за коронавирусот појавувајќи се на имот во Лика д’Амунт, во близина на Барселона, на сексуална забава.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“ објави дека локален жител го вклучил алармот откако две лица се обиделе да влезат во неговата куќа погрешка, мислејќи дека тоа е место на оргија. Гостите имале секс во собите на катот на имотот што го лоцираше полицијата.
Секс забавите наводно ги организирала група Американци кои ангажирале проститутки за да ја прослават Новата година. Не се знае точниот број на гости, за кои се верува дека се на возраст меѓу 50 и 70 години.
Во шпанскиот североисточен каталонски регион според новите ограничувања, дозволено е собирање на најмногу десет луѓе за дочек на Новата година. На сила е и ноќниот полициски час кој трае од 1 до 6 часот наутро.