Свет

Германски крузер закотвен во Лисабон, патниците заразени со коронавирус

Германски крузер кој беше задржан во пристаништето во Лисабон поради избувнување на епидемијата на корона вирусот меѓу членовите на екипажот, денеска го прекина патувањето откако некои патници беа позитивно тестирани за ковид-19, соопштија пристанишните власти.

Кузерот АИДА Нова, со 2.844 патници и 1.353 членови на екипажот, застана во пристаништето во Лисабон на 29 декември за време на патувањето на островот Мадеира за да ја прослави Новата година и нема да го продолжи патувањето бидејќи биле откриени 52 случаи на ковид-19, пренесува Ројтерс.

– Бродот денеска требаше да добие одобрение да го напушти пристаништето и да замине на шпанскиот остров Ланзароте, но во меѓувреме, уште 12 лица беа позитивни на корона вирусот, вклучително и четворица патници – изјави шефот на пристаништето Диого Виеира Бранко за радиото ТСФ.

– Протоколот на компанијата стапи во сила веднаш, па оние кои се заразени, кои се асимптоматски или покажуваат благи симптоми, веднаш се изолираат на бродот… Затоа компанијата одлучи да го прекине крстарењето и да ги спушти патниците – рече тој, додавајќи дека патниците ќе да бидат пренесени до нивните домови со авион, без да се прецизира кога.

На почеток